Огромна гужва на влезовите на Градски пред мечот против Казахстан (ФОТО)

Македонија вечерва од 20.45 часот ја пречекува селекцијата на Казахстан во квалификациите за Светското првенство (СП), а на влезовите пред Арената „Тодор Проески“ има огромна гужва на само 15 минути.

И покрај апелите на ФФМ да се дојде на стадионот што е можно порано со цел да се избегнат гужви, сепак голем број навивачи пристигнале пред самиот старт на натпреварот.