
Казахстан покажа „заби“ во Скопје: Македонија без муниција во прво полувреме!
Казахстан се закани неколку пати кон голот на Столе Димитриевски, но македонскиот голман беше на висина на задачата.
Македонија возврати по половина час игра кога создаде три добри шанси едно по друго. Најпрво испрати удар Ристовски, но Сеисен успеа да одбрани. Потоа се закани и Велковски, но чуварот на мрежата одговори со одлична одбрана. Третиот обид беше повторно на Велковски, меѓутоа топката заврши во гол-аут.
Гостите покажаа дека нема да бидат „лесен плен“, па Македонија во вторите 45 минути ќе треба да работи напорно за да ја пробие одбраната.