Кратко траеше радоста на Велс: Де Брујне и Муние прават пресврт за Белгија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Белгија успеаја да направат целосен пресврт против Велс во Кардиф, откако во листата на стрелци се запишаа Кевин Де Брујне и Томас Муние.

Резултатот го отвори Џо Родон на стартот на мечот откако со глава го матира Тибо Куртоа, но потоа Белгија го засили темпото и преку Де Брујне од пенал израмни на 1-1.

Целосен пресврт за „црвените ѓаволи“ обезбеди Муние во 24. минута од натпреварот, откако ги шокира домаќините.

Фото: EPA