Работнички ги исплати долговите, конечно ќе биде комплетен!

Некогашниот македонски шампион, Работнички конечно ги надмина проблемите со регистрацијата на странски кошаркари и во наредниот натпревар за првпат сезонава ќе биде комплетен.

Раководството на клубот успеа да ги исплати долговите кон поранешните кошаркари, па така ФИБА ја тргна суспензијата за регистрацијата на странски играчи. Тоа значи дека во наредното, трето коло Работнички ќе може да смета и на летните засилување.

Во третото коло од Суперлигата, Работнички го чека натпревар против Тиквеш, а тој натпревар најверојатно ќе се одигра на 21 октомври.