Познат е составот: Милевски ги избра фудбалерите со кои ќе го нападне Казахстан

Македонија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Казахстан во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП).

Селекторот Благоја Милевски реши да направи неколку промени за вечерашниот дуел против Казахстан, па така на теренот од првата минута ќе тргнат Дарко Велковски, Алими и Ристовски, кои не беа стартери против Белгија.

Македонија ќе настапи со Димитриевски, Стојчевски, Велковски, Зајков, Илиевски, Атанасов, Алими, Барди, Алиоски, Елмас и Ристовски.

Казахстан ќе игра со Сеисен, Каиров, Алип, Касим, Вороговски, Зајнутдинов, Караман, Куат, Кенжебек, Свидиров и Чесноков.

Дуелот меѓу Македонија и Казахстан ќе почне од 20.45 часот.