Казахстанците ги чека пекол: Побрзајте, билети нема уште многу!

Фудбалската федерација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Казахстан во кој ќе има голема поддршка од трибините.

На нешто повеќе од три часа пред почетокот на натпреварот билети во продажба има само уште за западната трибината и тоа во мал број. Северната и јужната се целосно распродадени, додека источната е затворена, а таму ФФМ обезбеди бесплатен влез за младите фудбалери од Детската лига и учениците од сите основи училишта.

Според очекувањата, вечерва на трибините на арената, „Тодор Проески“ се очекува бројка од околу 30.000 навивачи. Од нашиот табор на вчерашната прес-конференција и побараа силна поддршка од трибините која и ќе ја добијат, па останува само уште да дојдеме до три бода кои ќе бидат и тоа како важни во бората за првата и втората позиција.

Вратите на стадионот се отвораат во 18:45 часот, а со цел да не се создаваат гужви и тензии ФФМ препорача сите навивачи да дојдат најмногу еден час пред почетокот на средбата.

Ќе потсетиме, билетарата пред стадинот нема да работи бидејќи беше отворена во текот на денот од 10 до 17 часот, па така до почетокот на натпреварот билети ќе може да се купат само онлајн - ТУКА.