Бесплатен влез со Казахстан за сите ученици и млади фудбалери од Детската Лига!

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот против Казахстан кој е последен на домашен терен во овие квалификации, а во него бесплатен влез ќе има обезбедено за учениците и фудбалерите од Детската лига.

Имено, ФФМ преку своите официјални канали информираше дека на источната трибина млаите фудбалери придружувани од своите тренери ќе можат бесплатно да влезат на стадионот. Исто така влезот е бесплатен и за сите ученици од основните училишта.

„Влезот е бесплатен на источната трибина за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ. Бесплатен влез на источната трибина ќе имаат и сите ученици од основните училишта“, објавија од федерацијата.

Натпреварот помеѓу Македонија и Казахстан се игра во терминот од 20:45 часот.