
Хрватска не блескаше против Гибралтар, но обезбеди нов Мундијал (ВИДЕО)
Хрватите до победата дојдоа потешко од очекуваното, но впечаток е и дека избраниците на Златко Далиќ одиграа и толку, колку што беше потребно за да ги освојат потребните бодови.
Резултатот беше отворен во 30-тата минута кога Фрук ја погоди мрежата на гостите по асисенција од Пашалиќ.
Тој резултат беше актуелен се до 78-минута кога Сучиќ погоди за 2-0, додека конечниот резултат во последните секунди го постави Ерлиќ. Претходно голема прилика за втор гол пропушти Ловро Мајер кој не реализираше најстрога казна во 57-та минута.
🚨GOAL! Martin Erlić 90' +6
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 12, 2025
World Cup Qualification | 🏆 Croatia 3-0 Gibraltarpic.twitter.com/gl3UN9namx
На останатите средби кои се играа вечерва Данска ја совлада Грција со 3-1 за која ова беше тет пораз во низа, Полска со 0-2 беше подобра од Литванија, а Романија ја совлада Австрија со 1-0
Фото: HNS