
„Знаеме колку значи натпреварот за Македонија, но и ние дојдовме по бодови“
Предводникот на Азербејџанците не ја потценува Македонија, но потенцираше дека ќе се обидат да останат непоразени во Скопје.
„Ќе направиме сè што е во нашите можности за да освоиме колку што може повеќе бодови до крајот на квалификациите, па тоа важи и за натпреварот утре. Добро знаеме дека Македонија е силна репрезентација и колку им значи натпреварот со нас, но ние сакаме позитивен резултати. Против Лихтенштајн имавме среќа, се надевам така ќе биде и утре. Во првиот натпревар знам дека Казахстан пропушти многу прилики, но сметам дека сега реализацијата ни е на високо ниво“, изјави Бајусифинов.
Во првиот натпревар против Македонија, Казахстан беше предводен од Али Алиев кој си замина по деебаклот од Белгија со 6-0.
Фото: Kazakhstan Football Federation