
Пресврт на повидок: Србија има нов фаворит за наследник на Пикси!
Веднаш по оставката на Пикси се пишуваше Вељко Пауновиќ кој неодамна доби отказ во Овиедо може да биде нов селектор, меѓутоа сега наводно во преден план се истакнал Милојевиќ.
Информациите се дека соработката со Милојевиќ е веќе договорена и треба да биде потврдена на 17 октомври кога ќе се одржи седница на Извршниот одбор. Тогаш Милојевиќ треба да биде назначен за нов селектор, но нема и веднаш да ја напушти клупата на Звезда.
Се наведува и дека тој ќе остане и на клупата на „црвено-белите“, а најмалку до зимскиот преоден рок паралелно ќе ги извршува двете функции.
Фото: FSS