
Само Силекс се сети да му честита роденден на Пелистер!
Единствено екипата на Силекс јавно испрати честитка до својот ривал и посвети објава на социјалните мрежи. Кратовчани објавија фотографија под која стоеше:
„Фудбалскиот клуб Силекс упатува искрени честитки до ФК Пелистер по повод 80 години од основањето на клубот. Нека следните години донесат уште многу радости, дербија и вистински фудбалски емоции!“.
Останатите клубови од Првата лига или заборавија или не сакаа да одвојат време за да испратат честитка до својот ривал, што секако е еден убав спортски гест и искажување на почит кон противникот.
Во Битола денеска освен роденденот на клубот, славеа и Чкембари кои прославија 40 години од своето постоење.