
МЗТ во вториот дел го „скрши“ Феникс за втор триумф во сезоната
Гостинскиот состав имаше доба рпочеток и притиснаа во првото полувреме, сепак шампионот во продолжение го обезбеди триумфот.
Првото полувреме помина во изедначена игра во која и двете екипи го менуваа водството, а на пауза се замина со нерешен резултт (43-43).
Сепак, по враќањето на паркетот во вториот дел момците на Атанасов „додадоа“ гас“ и веќе по крајот на третата четвртина водеа со двоцифрена разлика (69-57). Сигурната игра на „штрковите“ продолжи и во последниот период кога само ја потврдија втората победа во сезоната.
Американците Смит и Мекејден беа најефикасни со по 25, односно 15 поени, додека на спротивната страна Рахама уфрли 21 поен.