На Грците им се заканува потоп во Копенхаген! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Грција е пред дебакл во квалификациите за Светското првенство бидејќи по 45 минути во Копенхаген против Данска имаат негатива од 3-0.

Данците го отворија резултатот во 21. минута преку Хојлунд, а во 40-тата Андерсен зголеми на 2-0, за само една минута подоцна и Дамсгард ја погоди мрежата.

Ако не се случи некое чудо во вториот дел ова ќе биде само продолжување на кризата за Грција која ги загуби и претходните два натпревари од Шкотска (3-1) и Данска (0-3) во натпреварот кој го играа дома.