
Тежок удар за Јувентус: Фудбалерот кој се врати од тешка повреда го чека нова пауза
Бремер го пропушти дербито против Милан пред седум дена, а сега пристигнаа лоши вести за „старата дама“. Во прашање е менискусот на левото колено и Јувентус не потврди колку точно ќе паузира.
Инаку, ова е нов удар за Бремер кој сезонава се врати по тешка повреда поради која паузираше десет месеци и се очекуваше да биде од големо значење во одбраната на Тудор, сепак, сега го чека нова пауза.
Првите проценки се дека Тудор повторно на располагање ќе го има по репрезеентативната пауза, но онаа во ноември.
Во наредниот период Бремер ќе пропушти неколку од Серија А, но и дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Medical Update | Gleison Bremer
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) October 13, 2025
Фото: Juventus FC/X