Бекам го поддржа Мундијалот 2022 во Катар, па добил 180 милиони фунти за Интер Мајами!

Англиската легенда Дејвид Бекам ги одбројува последните две недели од дебито на неговиот Интер Мајами во американската МЛС-лига, а најголем спонзор на новиот тим ќе му биде – најконтроверзната арапска држава Катар.

Англиските медиуми дознале дека Бекам договорил спонзорство од Катар вреден неверојатни 180 милиони фунти, а сето тоа е еден вид „награда“ за комплетната поддршка што некогаш најкомерцијалниот фудбалер на светот ја дал на оваа земја за добивањето и организацијата на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во ноември и декември 2022 година.

Спонзорскиот договор со „Катар Фондејшн“ бил договорен на тајни состаноци во изминативе неколку недели, а пред две недли официјално е потпишан.

„Катар сака инвестиции преку Барата, а Интер и Бекам се одлична шанса за нив и тие брендови баш им одговараат на Катарците“, велат извори за англиските медиуми.

„Катар Фондејшн“ беше спонзор на Барселона до пред две сезони, но Каталонците се најдоа под притисок зашто рекламираат државна фондација на земја во која човековите права се на најниско ниво.