Баерн најде замена за Ноер, доведува германски репрезентативец
Имено, според последните информации Баерн е блиску до ангажман на голманот на Келн, Џонас Урбиг кој ги договорил сите услови со гигантот од Минхен и наскоро би можело се да биде завршено.
Во прашање е 21-годишен чувар на мрежата на Келн и младата репрезентација на Германија, а во својата земја важи за еден од најпреспективните.
Неговиот договор со Келн е до летото 2026 година и Баерн за неговите услуги ќе плати сума од десет милиони евра.
Урбиг во Баерн ќе ја има улогата на втор голман бидејќи се уште не е познато кога ќе се врати Даниел Перец. Кога е Ноер во прашање се очекува да потпише едногодишен договор до летото 2026 година кога и најверојатно ќе ја заврши кариерата на 40 години.