Аргентински милијардер ќе постави статуа од Марадона на аеродром!

Аргентинскиот милијардер Едуардо Еурнекијан има намера да го исполни ветувањето кое му го дал на својот пријател, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата, а тоа е да постави статуа на аеродромот Есеиза во Буенос Аирес.

Еурнекијан е еден од најуспешните аргентински бизнисмени, а неговата идеја ја откри најпрво за аргентинските медиуми.

„Почивај во мир. Ќе ја имаш својата статуа“, пишува во пораката на бизнисменот, кој планира до крајот на декември да постави статуа на најголемиот аеродром во Буенос Аирес.

Пријателството меѓу Марадона и бизнисменот траеше повеќе децении, односно од 1978 година.