Португалија премоќна за мизерниот Алжир! (ВИДЕО)

Немаше никакви дилеми за победникот во пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Алжир, откако Португалците целосно доминираа против својот противник и го победија со 3-0.

Противничката мрежа најпрво ја погоди Гонзало Гуедес во 17. минута, а 20 минути подоцна Бруно Фернандез зголеми на 2-0.

Во вториот дел од натпреварот, Алжир имаше само еден удар во рамките на противничкиот гол, а Португалците продолжија со доминацијата и ги поставија конечните 3-0 во 55. минута.