
Зајков: Дуелот против Бугарија е посебен – играме за чест и гордост на цела нација!
Тоа го потенцира и дефанзивецот Ѓоко Зајков, кој покрај анализата на дуелот во Тбилиси го најави и дуелот против источниот сосед.
„Честитки за Грузијците иако незаслужена нѐ победија. Доминиравме, но противникот си ги искористи шансите. Грешките се составен дел од фудбалот и штета е што ние не ги искористивме нашите шанси. Сега треба против Бугарија да истрчаме со подигнати глави. Нашата цел е три бода, иако тие не ни се важни во овој момент. Против Бугарите ќе биде посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост на нацијата и ќе сториме сѐ да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Зајков.
Македонија во првиот меч против Бугарија одигран во Разград одигра без победник со резултат 1-1.