
Во Кардиф ќе нѐ чекаат и стаорци! (ВИДЕО)
Белгија го доби мечот со 4-2 и речиси и да го обезбеди пласманот на Светското првенство. Но она за кое се зборува од овој дуел е моментот од 66. минута.
Судијата за момент го прекина мечот затоа што на теренот влезе голем стаорец. Офанзивецот на Тотнем, Бренан Џонсон ја спаси ситуацијата, го избрка непоканетиот гостин од теренот и натпреварот можеше да продолжи.