
Кошмарот на Чесите нема крај - од неделата не можат да си заминат од Фарски Острови
Натпреварот се играше во неделата навечер, експедицијата составена од фудбалерите, раководството на Федерацијата и спонзорите требаше кон Прага да тргне вчера претпладне, но се уште се наоѓа на Фарски Острови. Резервиран бил чартер кој ќе тргне од Осло и ќе ги собере фудбалерите од аеродромот Вагар, но пилотите имале проблем со кратката аеродромска писта, сместена меѓу планини во период кога имало магла и силен ветар.
Резервиран бил уште еден авион, за спонзорите и партнерите на Федерацијата и тој бил паркиран на аеродромот во Фарски Острови, но не можел да полета од истите причини. Поради тоа сите се вратиле во хотелот и двата лета биле презакажани за денеска.
Среќа да си заминат од Фарски Острови имале само Лукаш Хорничек и Томаш Соучек кои самостојно отпатувале откако нивните клубови (Брага и Вест Хем) им обезбедиле летови, вчера рано наутро додека уште временските услови не биле толку лоши.