
Готово е со Ридигер, си оди од Реал на крајот на од сезоната
Неговиот договор истекува во јуни, а од клубот немаат намера да го продолжат и тоа од повеќе причини. Ридигер на крајот од сезонава ќе има 33 години, но и долг период проследен со повреди и недолично однесување, како она во финалето од Копа дел Реј кога тргна да го тепа главниот судија.
Искусниот дефанзивец дојде во Реал во 2022 година од Челси и со мадридскиот тим освои се што можеше да се освои, но оваа сезона одигра само еден натпревар.