
Галатасарај ќе проба уште зимава да му го „украде“ Салах на Ливерпул!
Иако Египќанецот има важечки договор со Ливерпул до крајот на следната сезона, раководството на англискиот клуб наводно е подготвено да ја разгледа можноста за негова продажба. На „Енфилд“ сметаат дека времето на 33-годишниот Салах во тимот се ближи кон крајот, па сакаат да добијат максимална отштета додека неговата пазарна вредност е сè уште висока.
Интересно е што самиот Салах бил импресиониран од атмосферата на еден од натпреварите против Галатасарај во Лигата на шампионите. Наводно, тој дури го прашал Илкај Гундоган дали ваквата еуфорија навистина владее на секое домашно соочување на турскиот шампион.
Во тековната сезона, Салах има забележано три голови и три асистенции на девет натпревари во сите натпреварувања за Ливерпул.