Спектакл во Токио: Јапонија се врати од 0-2 и го шокира Бразил (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јапонија и Бразил одиграа неверојатен пријателски меч во Токио, кој заврши со победа на домаќинот со 3-2 по голем пресврт.

Бразилците имаа водство од 2-0 во првиот дел со головите на Паул Енрике во 26. минута и Габриел Мартинели шест минути подоцна.

Јапонија, сепак, почна да се буди во второто полувреме, па набрзо преку Минамино намали на 1-2, а до крајот стрелаа Накамура и Уеда за целосен пресврт (3-2).

Фото: Japan Football/Facebook