Бошко Ѓуровски има фаворит за селекторското столче на Србија!

Поранешниот македонски селектор и легенда на Црвена звезда, Бошко Ѓуровски се вклучи во дебатата за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија.

Драган Стојковиќ Пикси замина од кормилото по дебаклот од Албанија во Лесковац, а според Ѓуровски нов селектор треба да биде тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ.

„Видов дека во медиумите се споменуваат повеќе имиња, но по мене фаворит е Владан Милојевиќ. Со Звезда има одличен континуитет, публиката го сака и очекувам тој да биде избран, но да почекаме да видиме“, изјави  Ѓуровски во интервјуто за „Еуроњуз“.

Србија денеска има нов меч од квалификации, дуелот на гостински терен кај Андора.