Ферари добива нов шеф: Доаѓа човек кој со години доминираше во Ф1

Ферари и оваа сезона ги разочара своите фанови затоа што испадна од трката за титулата во Формула 1, но сè би можело да се смени на крајот на оваа година.

„Дејли Мејл“ пишува дека раководството на италијанскиот тим ја загубил довербата во актуелниот шеф на тимот, Фред Васер и поради тоа сака да ангажира друг квалитетен човек за таа позиција.

Како идеална замена се споменува доаѓање на Кристијан Хорнер, кој со години доминираше со тимот на Ред Бул во „најбрзиот циркус“ во светот.

По прекин на договорот меѓу Ред Бул и Хорнер, 51-годишниот Британец има дозвола да се врати во Формула 1 од следната година.