Преговорите веќе се почнати: Бензема ја напушта С. Арабија и се враќа во Европа!?

Францускиот напаѓач Карим Бензема веќе две години игра во Саудиска Арабија, но наскоро би можел повторно да се врати во Европа.

Бензема има договор со Ал-Итихад до крај на сезоната, но веќе почнал преговори со турскиот гигант Фенербахче и би можел да се пресели во Истанбул во јануари.

Управата на Фенербахче не е задоволна од Џон Дуран, кој е на позајмица од Ал-Наср и поради тоа ќе ја прекине соработката, по што ќе се засили со Бензема.

Бензема оваа сезона настапи на четири меча, а постигна три гола за Ал-Итихад.