Поради страв од германските хулигани, Италија ќе го суспендира Шенген на 48 часа!

Италијанските власти решија да преземат драстични мерки во пресрет на мечот од Лигата на шампионите меѓу Наполи и Ајнтрахт од Франкфурт.

Министерството за внатрешни работи на Италија привремено, на 48 часа ќе го суспендира Шенгенскиот договор со цел да спречи доаѓање на германски хулигани во Италија.

Оваа одлука ќе важи за 3 и 4 ноември, тогаш на италијанските граници повторно ќе има пасошка контрола. Натпреварот се игра на 4 ноември, од во Неапол забранија продажба на влезници за гостински навивачи. Целта е јасна, да се спречи влез за навивачите на Франкфурт кои ќе се обидат да пристигнат во Неапол и покрај забраната да отпатуваат во италијанскиот град.

Причината за ваквите строги мерки се настаните од март 2023 година, кои властите ги опишуваат како „првороден грев“. Во тоа време, неколку стотици хулигани на Ајнтрахт ја игнорираа забраната за влез, пристигнаа во Неапол и учествуваа во брутални улични судири со ултрасите на Наполи. Властите се решени да спречат повторување на такво сценарио.

Воведувањето гранични контроли поради исклучување на гостинските навивачи од европските клупски натпреварувања не е ништо ново. Слична ситуација неодамна го снајде и Ајакс, кога беа воведени контроли и на француската граница пред натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј на 30 септември.

За одлуката на италијанските власти е известена УЕФА.