Катастрофа за Барселона: Флик остана без уште една ѕвезда за „Ел Класико“

Шпанскиот шампион Барселона се соочува со големи проблеми пред вечното дерби против Реал Мадрид, затоа што во меѓувреме отпадна уште една ѕвезда за „Ел Класико“, а тоа е Роберт Левандовски.

Левандовски има сериозна повреда, поради која се очекува да паузира еден месец, а на теренот може да се очекува дури за средбата против Атлетик Билбао на 23 ноември.

Барселона претходно остана без Дани Олмо и Феран Торес кои се повредија, додека до „Ел Класико“ се очекува во акција да се вратат Фермин Лопез, Рафиња и Ламин Јамал, но засега нема официјална потврда.