
Тажна вест: Почина „Манчестер Јунајтед“!
Тој во 2014 година официјално го смени своето име во „Господин Манчестер Јунајтед“, по 15-годишна правна битка со властите, со цел да им оддаде чест на своите најголеми идоли – фудбалерите на клубот од „Олд Трафорд“. Овој градежен работник од Бугарија беше познат по својата несекојдневна страст и посветеност кон Манчестер јунајтед. Љубовта кон клубот започнала во 1999 година, кога бил воодушевен од драматичниот триумф на англискиот тим во финалето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, со головите на Теди Шерингам и Оле Гунар Солскјер во судиското продолжение.
Лавиџов од тој момент му го посветил целиот живот на клубот: го преуредил својот дом со бројни сувенири од Манчестер јунајтед, ја нарекол својата мачка Бекам и дури го истетовирал грбот на клубот на своето чело. Во последните години живеел повлечено и ретко се појавувал во јавноста, но неговата приказна остана симбол на безусловна љубов и фанатична оданост кон омилениот клуб.
ФОТО: EPA PHOTO