Се случи чудо - Светското првенство ја доби најмалата држава во историјата (ВИДЕО)

Со победата од 2-0 против Есватини, репрезентацијата на Зеленортските Острови официјално обезбеди пласман на претстојното Светско првенство, првпат во својата историја.

Со тоа оваа држава стана најмала која (ќе) учествува на најголемата планетарна фудбалска смотра. Зеленортските Острови имаат вкупна површина од 4.000 квадратни километри и го надмина Тринидад и Тобаго (5.000 квадратни километри) кој учествуваше на Мундијалот во 2006 година. Освен тоа, африканската репрезентација стана најмлада што ќе учествува на светските првенства бидејќи првпат играше во квалификациите во 2006 година.

Малку недостасуваше да стане и држава со најмал број жители, но таа чест се уште ја има Исланд со околу 400 илјади, околу 100 илјади помалку од Зеленортските Острови.