Мајсторијата на Барди кандидат за - гол на колото! (ВИДЕО)

Македонскиот капитен, Енис Барди со прекрасен гол од слободен удар донесе израмнување за нашата репрезентација на мечот со Казахстан, а тој погодок може да биде прогласен за најубав на колото.

УЕФА го објави видеото од голот на Барди, го нарече генијалец за слободни удари и соопшти дека овој погодок е кандидат за гол на колото.