
Талевски пред дуелот со Косово: Оваа репрезентација има победнички менталитет!
Напаѓачот на Вардар и репрезентативец, Михаил Талевски пред дуелот со Косово кажа дека македонската селекција има победнички менталитет.
„Имаме одлични подготовки, максимално го користиме ова кратко време што го имаме до почетокот на квалификацискиот циклус во септември. Во склоп на овие јунски подготовки нè очекуваат два контролни натпревари против Косово, репрезентација која е квалитетна. Сакаме да издвојуваме победа на двете средби, тоа е нашата цел. Се надевам дека ќе го покажеме целиот наш потенцијал и квалитет. Неспорно е дека оваа група на фудбалери има квалитет, но тоа што најмногу ја краси оваа генерација е компакноста, желбата за докажување и победничкиот менталитет. Имаме тешка група во квалификациите која е составена од силни репрезентации како Италија, Шведска, Полска, но тоа не треба да претставува пречка, напротив треба да биде мотив плус за нас за да го дадеме максимумот на секоја средба, да не потцениме ниту еден противник и да одиграме добри квалификации“, кажа Талевски.
Првиот пријателски меч меѓу Косово и Македонија се игра утре од 19 часот, додека втората средба е закажана за 31 мај од 21 часот.