
Трајковски со најдобар скок сезонава го освои седмото во Грција (ВИДЕО)
Трајковски до седмата позиција дојде со скок од 7.70 метри, што воедно е и негов најдобар резултат оваа сезона.
Победата на митингот ја однесе Чесвил Џонсон од Јужноафриканската Република со скок од 7.99 метри, веднаш зад него беше Французинот Џулс Помери со 7.98 метри, додека третото место му припадна на Иваи Ефреимов од Израел со скок од 7.92 метри.
Овој атлетски митинг е дел од Континенталната серија на Светската Атлетика и носи бронзена етикета, што го прави значајна станица за европските и светските атлети во подготвителниот циклус за големите натпреварувања.
Следниот предизвик за Трајковски следува веќе во петок, кога ќе настапи на нов митинг во Каламата, Грција.
Фото: АК Работнички