Српски тенисер се пожали: Навивачи го плукале на Ролан Гарос!

Српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ не успеа да се пласира во третото коло на Ролан Гарос, откако беше елиминиран од домашниот претставник Квентан Алис, а по мечот Кецмановиќ се пожали на однесувањето на домашната публика.

Според изјавата на Кецмановиќ во такви услови било навистина тешко да се игра.

 Лошо, ужасно беше за игра, не можете да останете фокусиран. Сигурно дека му помогнаа нему, немаше да биде ваков резултат без нив. Навистина грозно чувство...“, искоментира Кецмановиќ.

Во еден момент бидејќи трибините се блиску до теренот на кој играше бил и плукнат од страна навивачите.

Тука е поизразено, бидејќи сите се блиску, се слуша и на другите терени, меѓутоа не до толку. Денеска бев и плукнат од навивачите позади мене. Во ред домаќини се, но ова веќе преминува во безобразлук, истакна Кецмановиќ.

Инаку и претходно се случувало тенисерите на Ролан Гарос да се пожалат на публиките кога настапуваат домашните натпреварувачки.

Фото: EPA PHOTO