Светски рекорд? Скопјанец го пополни Панини за само четири дена! (ФОТО)

Панини лудилото откако во петокот официјално започна во земјава, откако излезе албумот и сликичките за Европското првенство на кое ќе дебитира и Македонија, за еден скопјанец тоа експресно заврши – го наполни албумот за четири дена.

Дали е светски рекорд не знаеме, ама веќе го имаме првиот што успеа да го пополни целиот албум со сликички, иако допрва во земјава ќе соврива афмосферата меѓу колекционерите и тоа најмногу зашто како дебитанти и учесници на континенталниот шампионат, првпат Македонија е дел од европскиот фудбалски крем.

Уште во петокот кога излезе албумот на Панини, веќе имаше редици од луѓе, меѓу нив и селекторот Игор Ангеловски.