„Ремито е најреално, не одигравме квалитетно за да победиме“!

Словенечкиот селектор Матијаж Кек призна по вечерашното реми со Македонија (1-1) дека овој нерешен резултат е најреален исход од балканската пресметка во евроквалификациската група во која црвено-жолтите имаат четири бода, а Словенците само два,

Словенија поведе преку Миха Зајц, но Енис Барди одговори на стартот на вториот дел, по што двата тима одиграа речиси изедначен меч со по уште некоја шанса, која остана нереализирана.

„Ремито е најреално. Сакавме да победиме, но не одигравме квалитетно за да стигнеме до трите бода. Имавме добри шанси, не ги реализиравме, но имаа шанси и Македонците. Мислам дека во поле бевме поквалитетни, ама сето тоа во нападот не го ефектуиравме. Не можеме да бидеме задоволни со бодовното салдо после две ремија на стартот“, рече Кек по мечот.