Пораз за младинците на стартот од ЕП, Норвешка не дозволи изненадување

Македонската ракометна репрезентација до 20 години со пораз од Норвешка 36-31 го почна Европското првенство во Романија.

Норвежаните важеа за фаворит и пред дуелот, а на теренот ја оправдаа таа улога и имаа предност од почетокто до крајот, ние само неколку пати во почетниот период успеавме да израмниме.

Победата беше најавена на полувремето кога Норвешка водеше со 18-14. Во продолжение противникот продолжи да игра сигурно и откако поведе со пет гола не дозволи да ја спуштиме таа разлика, а највисоката предност одеше до седум гола.

Избраниците на Игор Илиевски во првата фаза ги чекаат уште два натпревари и тоа со селекциите на Данска и Норвешка кои се во нашата група.