Костјук ја реши Паолини за полуфинале на Вимблдон

Украинската тенисерка Марта Костјук се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Костјук во четвртфиналето ја совлада Италијанката Јасмин Паолини со 2-0 во сетови, 6-2 и 6-3 во ечот на Централниот терен кој траеше 68 минути.

Украинката со тоа го израмни најголемиот успех во кариерата, откако по полуфиналето на Ролан Гарос успеа да стигне и до завршницата на Вимблдон.

Противничка на 13. тенисерка во светот во борбата за пласман во финалето ќе биде Чехинката Линда Носкова. Носкова исто така го оствари најголемиот успех во кариерата  со победа над Белгијката Елис Мертенс со 2-0 во сетови, 6-3, 7-5 за еден час и 46 минути.

Вчера ќе потсетиме, место во првото полуфинале обезбедија Гаф и Мучова.