Франција и Мароко загрижени поради аргентинската судиска екипа
Натпреварот, кој ќе се игра утре со почеток од 22 часот, ќе го суди аргентинска судиска екипа.
Главен судија ќе биде Факундо Тељо, а негови помошници ќе бидат Хуан Пабло Белати и Габриел Чаде. Улогата на четврти судија ќе ја извршува Дарио Ерера, додека резервен судија ќе биде Кристијан Наваро. Имињата на ВАР арбитрите сè уште не се објавени.
Во францускиот табор изразуваат загриженост бидејќи натпреварот ќе го суди арбитар од земја која сè уште е во конкуренција за светската титула и потенцијален ривал во финалето. Слична ситуација имаше и Аргентина, чиј осминафинален дуел го судеше Французинот Франсоа Летексије.
The match officials for @FIFAWorldCup match 97 have been appointed. 🤝
— FIFA (@FIFAcom) July 7, 2026
Од друга страна, Мароканците имаат свои причини за незадоволство, бидејќи имаат негативно искуство со Тељо. Токму тој го судеше четвртфиналниот натпревар против Португалија (1-0) на претходното Светско првенство, кога му покажа два жолти картони во само неколку секунди на мароканскиот напаѓач Валид Чедира, што резултираше со негово исклучување.
За 44-годишниот Тељо ова ќе биде трет натпревар што ќе го суди на Светското првенство 2026.