Ова се сите спорни моменти во корист на Аргентина против Египет (ВИДЕО)

Aргентина вчера го победи Египет со голем пресврт и по негатива од 0-2 стигна до 3-2, но овој натпревар предизвика и бурни реакции во јавноста поради судењето.

Додека има дебати на социјалните мрежи беше објавено и видео од четири минути во кое се прикажани сите спорни одлуки и можните грешки на главниот арбитар Франсоа Летексије и ВАР собата.

Сите моменти кои се издвоени се во корист на Аргентина, а на штета на Египет. Ќе потсетиме, Аргентинците во четвртфиналето ги чека меч против Швајцарија, додека Египќаните го завршија својот настап.