Распад-систем: Авионот на Бразил со само еден фудбалер се вратил дома по дебаклот на СП!

Шокантната елиминација на Бразил од Норвешка (0-2) во осминафиналето на СП 2026 донесе необична сцена по крајот на настапот на „кариоките“ – во авионот што полета кон Рио де Жанеиро се најде само еден фудбалер од репрезентацијата.

Според шпанскиот „Ас“, единствениот репрезентативец кој се вратил во Бразил со остатокот од делегацијата бил искусниот дефанзивец Данило, член на Фламенго. Причината е едноставна – сите фудбалери кои настапуваат за европски клубови веднаш заминале на заслужен одмор, додека играчите од бразилското првенство добиле само една недела пауза пред враќањето на клупските обврски.

Во авионот, покрај Данило, се наоѓале членовите на стручниот штаб, логистичкиот персонал и голманот Лео Нанети, кој не беше дел од официјалниот список на играчи, но учествуваше на тренинзите како помош за подготовката на репрезентацијата. Триесет и четиригодишниот Данило, кој во кариерата настапуваше за Сантос, Порто, Реал Мадрид, Манчестер сити и Јувентус, на Мундијалот одигра четири цели натпревари, а на првиот меч влезе во игра на полувремето.

Во Бразил не се врати ниту селекторот Карло Анчелоти, кој отпатува во Ванкувер, каде ќе мине неколку дена на одмор пред да почне подготовките за септемвриските репрезентативни обврски, кога се очекуваат и промени во составот на националниот тим.