Поранешниот тренер на Реал Мадрид брзо се снајде - презеде тим од Премиер лигата!

Екипата на Фулам го именуваше Алваро Арбелоа за нов менаџер на тимот, откако поранешниот тренер на Реал Мадрид потпиша тригодишен договор со премиерлигашот.

Тој го водеше „кралскиот клуб“ од јануари до крајот на минатата сезона, кога беше промовиран во прв тренер од позицијата шеф на вториот тим, по заминувањето на Чаби Алонсо. Во лондонскиот клуб тој ќе го наследи Марко Силва, кој ја прифати понудата да седне на клупата на Бенфика. Интересно е што Реал Мадрид, пак, за негов наследник го ангажираше Жозе Мурињо, кој пристигна токму од португалскиот гигант.

Арбелоа ќе дебитира во Премиер лигата на 24 август, кога Фулам на домашен терен ќе го пречека градскиот ривал Челси. Тоа ќе биде и интересна тренерска пресметка, бидејќи од оваа сезона клупата на Челси ја предводи токму Чаби Алонсо, човекот кого го наследи во Реал Мадрид.