Влаховиќ прифаќа да игра за Јувентус и за помалку пари?
Италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави дека српскиот напаѓач е подготвен повторно да седне на преговарачка маса со Јувентус, откако ги намалил своите финансиски барања. Наводно, тој веќе разговарал и со Лучано Спалети, кој е подготвен да посредува во евентуалното помирување меѓу двете страни.
Иако од Јувентус претходно порачаа дека приказната со Влаховиќ е завршена, откако тој ја одби последната понуда на клубот, сега се појавуваат информации дека ситуацијата би можела повторно да се промени.
Во меѓувреме, Влаховиќ бил понуден на неколку европски клубови, меѓу кои Барселона и Атлетико Мадрид, а интерес за неговите услуги покажал и Бешикташ. Сепак, негова желба била да остане на највисокото европско ниво. Бидејќи досега не добил понуда од клуб од Премиер лигата, со која често беше поврзуван, можно е сега да ја преиспита својата одлука.
„Ла Стампа“ наведува дека во наредните денови би требало да има повеќе информации околу можниот пресврт. Познато е дека Влаховиќ инсистирал да остане меѓу најплатените фудбалери во тимот, но разликата меѓу неговите барања и понудата на Јувентус изнесувала најмалку два милиони евра по сезона, поради што преговорите претходно пропаднаа.