Ќе го чека пекол во Каталонија, Кукуреља сакаше да ја понижи Барселона!

Tрансферот на Марк Кукуреља во Реал Мадрид предизвика бурни реакции поради неговото минато во Барселона, но Шпанецот како и самиот да сака да ја направи ситуацијата тензична.

Имено, навивачите на Барселона уште веднаш по неговото пристигнување од Челси го критикуваа, а тие критики сигурно ќе се зголемат по неговата последна изјава.

Во својата изјава Кукуреља како да сакаше да ја понижи Барселона.

„Среќен сум поради трансферот во Реал, почнав во скромен клуб и одев чекор по чекор, додека не дојдов до врвот, до Реал Мадрид“.

Ќе потсетиме, Кукуреља помина низ познатата „Ла Масија“ за подоцна Барса да го испраќа на позајмици во Гетафе и Еибар пред Брајтон да го купи во 2021 година, а по само една година го доведе Челси.