Македонската фудбалска репрезентација има уште два меча во евроквалификациите, па ќе се обиде да оствари добри резултати, а првиот предизвик на фудбалерите им доаѓа в сабота против Австрија, кадешто Македонија ќе треба да покаже дека поразот од јуни не е реална слика на квалитетот на двете репрезентации.

Македонските фудбалери ги почнаа тренинзите, па полека фаќаат залет за мечот во Виена против домаќинот Австрија.