Несторовски кон сицилијанците: Наполнете го стадионот, ќе победуваме со три гола разлика!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски со два гола сезонава на Палермо учествуваше во двете победи на сицилијанците на стартот на Серија Б, а шанса да го поправи голгетерскиот учинок ќе им в поденелник во делот со Про Верчели.

Несторовски против Перуџа на последниот гол погоди од пенал за победата со 1-0, пред празниот стадион „Ренцо Барбера“, па македонскиот репрезентативец сега ги повикува навивачите на Палермо да ги исполнат стадионот,затоа што со нив, тимот има капацитет да победива со три-четири гола разлика.

„Таа победа со Перуџа не беше лесна, зошто игравме против тим кој е меѓу првите на табелата. Јас сум среќен што дадов гол за победа, но најважно е Палермо да победува, а не колку гола ќе даде Несторовски. Но, мене најмногу што ми недостига е тоа што нашите навивачи ги нема во голем број. Ни недостига нивната поддршка. Не е исто да играте пред пет илјади гледачи и пред 30.000. Ние веруваме дека публиката е клуна и јас сум сигурен дека со полн стадион ќе победуваме со три-четири гола разлика“, вели Несторовски.

Сезонава во Серија Б, еден гол даде и Александар Трајковски и тоа на отворањето на сезоната. Двајцата репрезентативци од идната недела ќе бидат во Македонија на подготовките за последните два мундијалски квалификациски мечеви со Италија на 6 октомври во Торино и на 9 октомври во Струмица со Лихтенштајн.