Најмладите надежи со убедлива победа ги завршија квалификациите во Полска

Младата македонска фудбалска репрезентација до 17 години попладнево со убедливи 4-0 го победи тоталниот аутсајдер Лихтенштајн за да го заврши квалификацискиот циклус со еден триумф и два порази на турнирот во Полска

Македонија стигна со почесна победа во групата во која загубивме со 2-3 од Полска во првото коло, а со 1-3 од првиот фаворит Белгија, па денеска Таипи и Фета во завршните девет минути од првиот дел го скшрија отпорот на Лихтенштај, а Саитоски со два гола во вториот дел во 50-та и 89-та минута само ја завери убедливата победа.

Македонија, ако ништо друго, барем со позитивна гол-разлика 7-6 го завршува циклусот во кој Лихтенштајн со 0-27 е последен, а Белгија и Полска со по седум бода одат во елитната фаза од квалификациите, кои ќе се играат во март догодина.