Македонија падна две места на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација се најде на 64.место на најновата ФИФА ранг-листа, што излезе денеска. 

Тоа е пад од две позиции од претходното рангирање. Нашиот национален тим овој месец одигра четири натпревари во рамки на Лигата на нации на кои запиша реми на гостински терен со Бугарија, пораз од 0-3 од Грузија на домашен терен и две победи против Гибралтар. 

Македонија има 1.375,2 бода и се наоѓа зад Исланд, кој е 63.место, а пред Словенија и Албанија. 

Од нашите ривал во Лигата на нации Грузија е 82.место, Бугарија е 74-та, додека Гибралтар е на 201-то место. 

На врвот на листата се наоѓа Бразил, пред Белгија, а Аргентина скокна едно место и сега е трета. Франција е четврта, а потоа следуваат Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.