
Костадинов: Жалиме за бодовите против Велс, а за Белгија – не треба да се трошат зборови!
Фудбалерот од средниот ред Тихомир Костадинов кој настапува за полски Пјаст истакна дека подготовките одат во најдобар ред и верува во добро издание на Македонија.
„Секако дека е крај на сезоната, но крај на сезона е и за нив, ќе бидеме максимално подготвени. Сега имаме малку подолго време за подготовка од претходно и сигурен сум дека ќе го искористиме за да се подготвиме добро за двата натпревари. Играме два многу важни натпреварии, свесни сме дека испуштивме бодови против Велс и жалиме поради тоа. Сега пред нас се нови натпревари за докажување. Кога и да играме за Македонија без разлика во кој период, мотивацијата е тука, тоа не е проблем за никого во репрезентацијата.
Селекторот бара да сме максимално подготвени и ангажирани. Имаме доволно време за анализа и добро ќе го искроистиме.
Кога во прашање е селекцијата на Белгија за него нема дилеми дека се работи за една од најсилните репрезентации во светот, без разлика што имаше промени во репрезентацијата.
Многумина може мислат дека Белгија сега е послаба, можеби оваа генерација нема толку звучни имиња, но имаат фудбалери од светски калибар кои играат во топ 5 клубови и нема потреба да се трошат зборови дали се квалитетна репрезентација.
Против Белгија Македонија игра на 6 јуни на домашен терен во Скопје, додека три дена подоцна ќе гостуваме на Казахстан.